Илон Маск го прекина деветдневниот молк на Твитер, социјалната мрежа која се обидува да ја купи за 44 милијарди долари, објавувајќи слика од средбата со папата Франциско, пренесува Ројтерс.
Loading...
Најбогатиот човек на светот на Твитер објави слика на која стои покрај Папата, каде напиша дека е почестен што се сретнал со папата.
На сликата се и четворицата тинејџери на Маск, но не и неговата 18-годишна трансродова ќерка, која се обиде да го смени името и да ја прекине врската со него.
Honored to meet @Pontifex yesterday pic.twitter.com/sLZY8mAQtd
— Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2022