Сопственикот на компанијата SpaceX, која го произведува Starlink, предупредува дека овие сателитски системи би можеле да станат една од целите на нападите во Украина.
Информациите доаѓаат неколку дена откако експертите за безбедност на интернет предупредија дека уредите за сателитска комуникација може да станат „светилници“, кои ќе бидат цел на руски воздушни напади.
Тешка ноќ во Украина: 4 часа гореше во најголемата нуклеарна централа (ВИДЕО)
„Важно предупредување: Старлинк е единствениот неруски комуникациски систем кој сè уште работи во некои делови на Украина, па затоа е многу веројатно дека ќе биде нападнат. Ве молиме користете го внимателно“, посочи Маск.
Тој побара од корисниците да го вклучат Starlink само кога е потребно и да ја стават антената што подалеку од луѓето, како и да ја камуфлираат антената за да избегнат визуелно откривање.
Пред неколку дена Маск истакна дека Starlink е активен во Украина, како и дека SpaceX испраќа повеќе терминали во земјата. На сето ова му претходеше барање преку твит, во кое функционерот на Украина бара од Маск да обезбеди Starlink станици во оваа земја.
На почетокот на оваа недела од Украина пристигна информација дека добиле терминали за сателитски интернет Starlink, но експерт за интернет безбедност предупреди дека тие би можеле да станат цел на руски напади.