Директорот на компаниите „Спејсекс“ и „Тесла“, Илон Маск изјави дека тој и неговото семејство нема да бидат вакцинирани против коронавирусот.
Маск за Њујорк Тајмс изјави дека ниту тој, ниту неговите деца не се во ризичната група кога станува збор за Ковид-19.
Илон Маск претстави свиња со вграден чип: Следни за чипирање се луѓето! (ВИДЕО)
Коментирајќи ги мерките за карантин што ги применуваат многу земји во светот со цел да се спречи ширењето на вирусот, тој рече дека е против ваквите мерки, бидејќи тие не придонесуваат за општото добро.
„Во суштина, исправна работа ќе беше да не ја затворевме целата земја, но мислам дека секој што е во опасност треба да биде во карантин додека не помине невремето“, рече Маск.