Илон Маск: Кралот Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори

Сподели со своите пријатели

Американскиот милијардер Илон Маск денеска смета дека британскиот крал Чарлс треба да го распушти парламентот и да распише избори во земјата.

Loading...

Маск одговараше на објава на социјалната мрежа Х, каде еден корисник напиша дека кралот Чарлс Трети треба да го распушти парламентот и да распише општи избори „за безбедноста на земјата“.

Тој корисник напишал дека британскиот крал треба да го направи тоа пред да биде „доцна“ и ги прашал другите корисници дали се согласуваат, на што Маск одговорил потврдно.

Британскиот монарх традиционално го распушта парламентот на барање на премиерот, а британските уставни експерти не се целосно согласни дали монархот е способен да ја донесе таа одлука еднострано, дури и без совет од министри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зголемена употреба на дронови за шверц на дрога и оружје во затворите во Британија

Во последните денови Маск ја коментираше политичката ситуација во Германија, поддржувајќи ја десничарската Алтернатива за Германија, а лидерите на другите партии го осудија мешањето на Маск во изборите во таа земја, пренесува Танјуг.