Извршниот директор на „Тесла“ и вселенската компанија Спејс Икс, Илон Маск, јавно го призна економскиот напредок на Кина на денот на одбележувањето на 100-годишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина (ККК).
„Економскиот просперитет што го постигна Кина е навистина неверојатен, особено во инфраструктурата! Ги охрабрувам луѓето да ја посетат и да се уверат сами”, напиша Маск на Твитер во четвртокот, пренесува Си-Ен-Ен.
Кина слави 100 години од Комунистичката партија, претседателот Си ги предупреди странските сили
Американскиот милијардер реагираше на објавата на кинеската државна новинска агенција Синхуа, која се однесуваше на кампањата на кинескиот претседател Си Џинпинг за ставање крај на „апсолутната сиромаштија во Кина“.
Шефот на „Тесла“ ја објави истата порака на кинеската социјална мрежа Веибо, која е пандан на Твитер, каде има скоро 1,8 милиони следбеници.
Неговиот пост на Веибо предизвика околу 500 коментари, а неговите следбеници беа воодушевени од некои корисници на мрежата.
„Илон Маск, стар член на ККП“, напиша еден корисник, додавајќи емотикон со смајлиња.
Реакциите на Твитер исто така беа измешани, каде што некои корисници го поддржуваа мислењето на Маск, додека за други тоа беше повод да се коментираат човековите права во Кина.