Илон Маск ги повика работниците од Словенија да работат во фабриката во Германија

Сподели со своите пријатели

Директорот на Тесла, Илон Маск, ги покани работниците од Словенија да дојдат и да работат во германска фабрика, која ќе се отвори наскоро.

Loading...

По повод почетокот на производството на автомобилите на Тесла во новата фабрика во Берлин, извршниот директор на Тесла организираше забава.

„Планираме да започнеме со производство за неколку месеци, и се надевам дека ќе ги испорачаме првите автомобили во декември“, рече Маск на отворањето.

Фабриката е изградена за помалку од две години, а Маск ги повикува Словенците од различни области да соработуваат, на словенечки јазик, пишува jубљанскиот весник Дело.

Директорот на Тесла се надева дека на оваа локација годишно ќе се произведуваат до половина милион електрични возила, што е повеќе од двојно германско производство на овие автомобили минатата година.

Инвестицијата првично беше проценета на четири милијарди евра, но нејзината вредност се зголеми за дополнителни милијарди евра откако компанијата ги прошири своите планови во фабрика за батерии.

Сепак, многу еколошки групи не се задоволни од пристапот на Маск, за кој велат дека е спротивен на германската деловна култура.