Илон Маск: Европската комисија е недемократска институција

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на социјалната мрежа Икс, Илон Маск, изјави дека Европската комисија е „недемократска“, што е последна во низата негови јавни критики кон институциите на Европската унија.

Loading...

– Парламентот на ЕУ треба директно да гласа за најважните прашања, а не овластувањата да ги препушти на ЕК – објави близок советник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи, откако Европскиот парламент гласаше за новата Европска комисија.

Маск долго време ги споделуваше своите мислења за политичките процеси во другите земји на својата платформа Х, па во октомври се судри со потпретседателката на Европската комисија во заминување Вера Јоурова, нарекувајќи ја „олицетворение на банално, бирократско зло“, откако таа го нарече „промотор на зло“, коментирајќи го судирот на регулаторното тело со неговата социјална мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трогателна приказна од Турција: Баба и дедо преживеле снежна бура: Се гушкале за да се стоплат! (ВИДЕО)

Пред три дена, Маск ја нападна лабуристичката влада на Велика Британија, која ја нарече „тиранска полициска држава“ и дистрибуираше петиција со која се повикува на итни предвремени избори.

Маск се вклучи политички летово кога ја поддржа кандидатурата на Трамп за претседател на САД и инвестираше милиони долари во неговата кампања.

Оттогаш тој е близок соработник и советник на новоизбраниот претседател, кого дури го придружуваше за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски.