Илјадници возачи заглавени во Франција поради снег

Сподели со своите пријатели

Илјадници возачи утринава останаа заглавени на патиштата околу Париз поради снегот, а на патот А13 се случија неколку сообраќајни несреќи.

Loading...

Патот N118 беше затворен неколку часа поради снег, објави BFMTV.

Снегот што синоќа падна во парискиот регион предизвика значителни прекини во сообраќајот југозападно од Париз.

Францускиот министер за транспорт, Клеман Бон, на социјалните мрежи повика на „најголема претпазливост“ и изјави дека е мобилизирана целата механизација за расчистување на снегот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аргентинскиот претседател ќе забрани операција за промена на полот за малолетници