Шпанија денеска испрати 250 војници да спасат илјадници возачи и патници од автомобилите кои се заглавиле претходната ноќ додека паѓал силен снег.
Ангажирани се две специјализирани чети војници и 95 возила за чистење за да се стигне до 3.000 возила заробени под снего, долж 70 километри автопат. Од камион се делат топли напитоци и облека, објавува шпанската телевизија.
Метеролошката служба на Шпанија денеска за 37 покраини издала предупредување за силен снег, ветер, но и обилни врнежи од дожд.
Loading...