Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив против судските реформи

Сподели со своите пријатели

Неколку илјади Израелци се собраа во Тел Авив на протести откако Кнесетот (израелскиот парламент) го усвои клучниот дел од контроверзната судска реформа спроведена од десничарската влада.

Loading...

„Ја уништивте државата, а ние ќе ја поправиме“ и „Демократија, демократија“, скандираа синоќа демонстрантите кои од јануари се собираат во тој град, центарот на протестното движење против реформите.

Реформата е поддржана од коалицијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, составена од ултрадесничарски и ултраортодоксни еврејски партии.

Тоа длабоко ја подели земјата и го предизвика најголемото протестно движење во историјата на Израел.

И покрај протестите, на 24 јули премиерот и неговата коалиција усвоија клучен дел од реформата, прва што стана закон, ограничувајќи ја способноста на Врховниот суд да ги поништи владините одлуки доколку ги смета за „неразумни“.

Целта на реформата е и зајакнување на моќта на избраните функционери над судовите, пренесува Бета-Франс прес.

Владата смета дека е неопходно да се обезбеди подобар баланс на моќта, но критичарите го гледаат како закана за демократијата и стравуваат дека го отвора патот кон авторитаризмот.

„Јас сум против владата. Ја става власта во рацете на само една гранка“, рече демонстрантот Роеи Бен Хаим (40), додавајќи дека му се чини важно да излезе на улица кога системот ќе биде уништен и да покаже дека нема да помине.

Loading...

„Нема демократија без Врховен суд“, скандираа демонстрантите.

Демонстрациите привлекоа Израелци од сите општествени слоеви, различни политички определби, секуларни и религиозни, мировни активисти, работници и воени резервисти.

Реформскиот план, исто така, предизвика загриженост кај странските земји, сојузниците на Израел, а особено на САД, чиј претседател Џозеф Бајден ги повика израелските лидери да не брзаат да ја наметнуваат реформата, која се повеќе е извор на поделби.