Илјадници луѓе во Берлин мораа да бидат евакуирани од своите домови откако во четвртокот во реката Шпре беше пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна, која ќе биде отстранета денес.
Полицијата постави безбедносен периметар од 500 метри во густо населена област на градот, соопшти берлинската полиција на мрежата X.
Како дел од евакуацијата, полициски екипи ги посетија куќите и становите за да ги предупредат граѓаните дека мора привремено да се преселат од безбедносни причини.
Полицијата објави дека бомбата ќе биде деактивирана денес, кога нуркачите ќе можат да извршат подетален преглед, пренесува Дојче Веле.
Бомбата се наоѓа четири метри под вода и е покриена со кал и слуз, што ја комплицира операцијата, соопшти полицијата.
Се очекува жителите да можат да се вратат во своите домови денес.
Дотогаш, бродскиот сообраќај на реката Шпреја, која тече низ градот, беше суспендиран.