Илјадници летови беа одложени или откажани поради студениот бран, температурите под нулата и снегот зафатија голем дел од САД.
Прекин се случи на аеродромите на средниот запад и западот, но и на некои аеродроми на југот.
Во Колорадо, на меѓународниот аеродром во Денвер, 25 отсто од летовите биле одложени, а 17 отсто откажани.
На меѓународниот аеродром во Канзас Сити 27 отсто од летовите биле одложени, а 15 отсто откажани.
Во Тенеси, на меѓународниот аеродром Нешвил, 23 отсто од летовите биле одложени, а 30 отсто откажани.
Во Тексас 34 отсто од летовите биле одложени и 13 отсто откажани на меѓународниот аеродром Далас-Форт Ворт, додека 25 отсто од летовите биле одложени и 20 отсто откажани на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон.
На меѓународниот аеродром во Чикаго О’Харе 29 отсто од летовите биле одложени, а 11 отсто откажани, додека на меѓународниот аеродром Чикаго Мидвеј 17 отсто од летовите биле одложени, а 29 отсто откажани.
Во Њујорк 13 отсто од летовите биле одложени, а 21 отсто откажани на меѓународниот аеродром Бафало Нијагара.
На аеродромот ЛаГвардија во Њујорк доцнеле 19 отсто од летовите, а три отсто откажани.
Во Вашингтон, на националниот аеродром Реган, 38 отсто од летовите биле одложени, додека 10 отсто биле откажани.
На меѓународниот аеродром Вашингтон Далс доцнеле 29 отсто од летовите, а откажани се три отсто, пренесува Спутник.