Додека продолжуваат израелските и американските напади врз Иран, на социјалните мрежи се појавија видеа од масовни собири на граѓани кои го поддржуваат државниот врв.
Еден од најголемите собири е забележан во Машхад, вториот по големина град во Иран и еден од најважните верски центри во земјата.
Според објавените снимки, илјадници луѓе се собрале да изразат солидарност и поддршка додека конфликтот ескалирал.
Слични собири се одржаа и во главниот град Техеран и покрај нападите на американските и израелските сили.
Во меѓувреме, иранската Црвена полумесечина објави дека во нападите загинале повеќе од 200 цивили, додека над 700 луѓе биле ранети. Меѓу погодените згради е и училиште во кое според достапните податоци загинале 85 девојчиња.
Израел претходно објави дека ја извршил најголемата воздушна операција во својата историја, во која учествувале повеќе од 200 авиони, наводно насочени над 500 цели низ Иран.
Техеран потоа одговори со ракетни напади врз Израел и врз американските воени бази во регионот на Блискиот Исток.
Right now in Mashad:
Iranians chant “Death to America” echoes in the shrine of Imam Reza (AS) pic.twitter.com/3b36pJ0oZE
— Arya – آریا (@AryJeay) February 28, 2026

