Илјадници Авганистанци тајно преселени во Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Илјадници Авганистанци кои работеле во британските служби се тајно преселени во Велика Британија, откако протекувањето информации за нивниот идентитет предизвика страв дека би можеле да бидат цел на Талибанците, објави денес британската влада.

Loading...

Личните податоци на речиси 19.000 Авганистанци, кои аплицирале да дојдат во Велика Британија откако Талибанците ја презедоа власта, беа погрешно објавени во 2022 година.

Ова ја поттикна тогашната конзервативна влада да воспостави тајна програма за преселување на Авганистанци.

Владата доби строга судска наредба да не го открива постоењето на оваа програма на никого.

Забраната беше укината денес, а сегашната британска лабуристичка влада соопшти дека независна истрага пронашла малку докази дека протекувањето на податоците би ги довело Авганистанците во опасност од одмазда од Талибанците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бури предизвикаа поплави низ Њујорк, во Њу Џерси вонредна состојба (ВИДЕО)