Илјада смртоносни резови: Најбруталната метода за мачење на сите времиња (фото)

Сподели со своите пријатели

Мачења и смртни пресуди има откако постојат и луѓето, но изгледа дека времињата сепак се „култивираа“ од аа пракса, затоа што техниките што се постари тоа биле и побрутални.

Вистинскиот пример за тоа е традиционална кинеска метода за мачење која се применувала од 905 до 1905 година кога со закон било забрането јавното погубување.

Веројатно најболната метода иако е тешко да се процени, се претставувала постепено отсечување на делови од телото додека смртта не настапи во агонија. Практикувана е во Кина, методата барала од крвникот да го заврзе криминалец на краст и непрекинато да му ги сече прстите на рацете и нозете, па дланките и стапалата, ушите, носот, а дури потоа целите екстремитети. По тешките маки осуденикот умирал со декапитулација или убод во срце.

Оној кој ги сечел деловите на телото морал да се погрижи за тоа погубеникот што подолго да живее за да пати повеќе, а телото се сечело уште од една причина. Имено, според учењето на Конфучиј, телото кое не е цело при смртта, нема да биде во задгробниот живот – па таквата осуда не била резервирана само за овој свет.

 

Loading...

 

При изведувањето на самото погубување, не бил одреден редоследот по кој крвникот би требало да се држи, туку се било претворено во забавна игра за публиката. Така во вреќата се ставале стотици различни ножеви, а секој од нив на себе имал ознака за одреден дел од телото или орган. Потоа би се преминало на извлекување и осакатување. Понекогаш некој можел да помине и подобро и да умре пред 1.000 резови, а пример за тоа биле богатите семејства кои ги потплатувале крвниците да побрзо да го извлечат ножот со ознака на срцето, за да нивниот член помалку се мачи.

Постоеле посебни храмови и институции во кои се обучувале мачителите, а пресудно било да се научи совладувањето на вештината како да се нанесе што повеќе рани без предвремена смрт на жртвата. Методички се правеле засечувањата при кои доаѓало до ампутација на одредени делови од телото.

Смрта од илјада резови била наменета на оние со најголеми злочини, односно противници на конфучијанизмот, масовни убијви, убијци на родители, учители или работодавачи, предавници. Оние кои имале најголема вина добвале казна од т.н. смрт од три дена, при што на осудениците им давале опиум за што подолго да го издржат мачењето и свесно да ги доживуваат новите рани.