Денеска се одржува првото сослушување од судењето за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу каде прво обвинет е Бобан Илиќ. Во исказите дадени пред судот Илиќ рече дека не се чувствува виновен и не ги прифатил обвинувањата дека извршил убиство со умисла.
Мајката, Ниџивера Касуми, со која започна сведочењето на судскиот процес побара од судот на Бобан да му се пресуди со доживотна казна затвор, вели дека тоа го направил намерно и дека сакал да го прегази целото семејство, тој е убиец ми го уништи семејство го заврши сведочењето.
Мајката вели дека кобниот ден детето било болно и требало да прими инекција, со невенчаниот сопруг го донеле детето прво во ургентен центар но таму им кажале дека мора во здравствен дом со сега обвинетите за насилство Сеат Алију, таткото, Абдула Алијо и Сами Демири со автомобил дошле во Здравствениот дом каде имало гужва и чекале подолго време.
Дојде една личност на која и беше многу лошо и ние ја пуштивме, по што Бобан почна да се расправа со мажот ми и да не навредува. Зеде телефон се јави на брат му и му кажа брат ми дојди одма. На излегување му се нафрлија на мојот сопруг, а јас им кажав немојте тука пред детето. Кога излегов го прашав сопругот каде е автомобилот и во тој момент слушнав глас ќе ве прегази и се онесвестив, кога дојдов при себе го видов детео на ќошот од куќата , го зедов во раце и го однесовме во уред од каде не испратија во болница, а од тука со брза помош во Скопје, каде по шест дена како последица на повредите Алмир почина.
Мајката не се сеќава дека нејзиниот невенчан сопруг се јавувал на телефон и дека викал некој да дојде
Во своите изјави пред судот, адвокатот на Илиќ вели дека ова е еден исклучително тежок процес и дека на судот ќе му биде потребно исклучително правно знаење за да донесе објективна одлука.
Денес присуствуваме на отварање на расправата за еден исклучително тежок случај, не само од правен аспект, туку и од човечки аспект, бидјќи во настанот загина дете, а повредени се и повеќе лица. Според обвинителниот акт произлегува дека јавнот обвинител вистината ќе ја докажува преку последиците кои што се рпедизвикани. Нашата намера е да докажуваме дека нема вина, нема умисла и вистината ќе ја докажуваме преку причините поради кои што се предизвикани тие последици. На судот ќе му треба исклучително правно знаење за да донесе објективна одлука – рече Стево Павлевски, адвокат на Илиќ.
Loading...
Од друга страна адвокатот на одбраната најави дека ќе поднесе кривична пријава против Бојан Илиќ, брат на првообвинетиот поради соучество во убиство.
Одбраната на сега второ, трето и четврто обвинетиот тврди и ќе докаже дека ниту било какво насислтво имаат извршено туку биле истите жртва на насилничкото однесување на неговиот брат Бојан Илиќ, за кој лично јас јавно сега ви напоменувам дека против истиот нема поднесено обвинителен предлог за кривично дело з акое се обвинуваат таткото, братучедот и братот и дека јавно најавувам дека ќе поднесам кривична пријава до ОЈО Куманово за кривично дело за кое што сега се обвинува Бобан Илиќ, но за соизвршителство. Тој истиот Бобан Илиќ, кој што денеска се појавува како сведок оштетен, а кој непосредно од снимката можете да видите на каков начин со бејзбол палка влегува во топлата и ги удира меѓу кои се и трето, четврто и второбвинетиот ќе биде предмет на понатамошна истрага, па нека докаже дека истиот не бил во возилото и дека не знаел што ќе направи неговиот брат, а тоа е свирепиот начин на убиството поради кое за жал почина малиот Алиу – рече Асмир Алиспаиќ, адвокат на одбраната, односно второ, трето и четврто обвинетите кои се теретат за кривично дело насилство.
По искзот на мајката на Алмир, свои искази дадоа и Тања Димковска девојка на обвинетиот, како и неговиот брат Бојан Илиќ кои го опишаа кобниот момент. Тие велат дека при заминување од Здравствениот дом со својот автомобил биле нападнати од група луѓе кои ги гаѓале со камења, а Бојан Илиќ бил извлечен од возилото и удиран. Во обид да избегаат и да се спасат од напаѓачите, имало тап удар со возилото, но во првиот момент не знаеле во што удриле. За фактот дека Алмир Алиу бил повреден дознале во полицијата кога таму отишле да ги пријават напаѓачите.
Сите обвинети во настанот пред судијката Маја Денковска се изјаснива дека не се чувствуваат виновни за делата за кои што се обвинети, а судењето доцна попладнево продолжи со исказот на првообвинетиот Бобан Илиќ.
На судењето претходеше и протест на дел од албанската заедница во Куманово, во организација на граѓанското здружение „Зени“ кои со навредливи пароли кон Илиќ побараа максимална затворска казна, а испратија и порака „Ако Бобан полуди и ние ќе полудиме“.