„ВМРО-ДПМНЕ не се менува, тие остануваат во матрица на лажење и манипулации“, рече денеска на прес конференција Оливер Илиевски од Општинската организација на СДСМ Куманово и член на Извршниот одбор на партијата.
Илиевски во долгиот одговор упатен на ставовите на претседателот на ОО ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, упати на неколку факти поради изнесените тврдења во емисија на локалната телевизија „Плус“.
Тој се осврна на ставот на Петрушевски дека наводно сакал да го избрише постоењето на ВМРО-ДПМНЕ од Централниот регистар и да го врати еднопартискиот систем.
– Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ зборува дека јас сум сакал да да се избрише ВМРО ДПМНЕ од Централен регистар и да го вратам еднопартискиот систем. Бране, кој напишал 11.800 уплатници со лажни податоци? Кој ги уплаќал парите така? Оливер Илиевски сигурно не е! 230 сведоци, членови на ВМРО ДПМНЕ сведочеле дека не донирале, дека сте ги злоупотребиле нивните потписи. Бране, кој го потпиша договорот со Бетон за изградба на Белата Палата? Оливер Илиевски да не го потпиша? Не, Генералниот секретар на ДПМНЕ. Договорот е противзаконски! И сега, Оливер Илиевски е крив. Зошто? Затоа што јавно зборува ВМРО ДПМНЕ пери. Не Бране, Оливер Илиевски не ви е крив, вашиот Претседател и Генерален секретар правеле криминал и тие ќе ви ја избришат партијата од Централен регистар, рече Илиевски на прес конференцијата.
Во однос на ставовите за зградата на Комитет, Илиевски вели дека од 30 години самостојно, ВМРО-ДПМНЕ имала власт 17 години, па прашува зошто т.н. „мега скандал“ го оставиле така?
– Бране, има документи за оваа зграда и кој по кој основ е тука. Впрочем да те прашам, на 3-тиот кат има канцеларии на кои пишува ВМРО ДПМНЕ, тоа ваши се канцеларии или некоја друга партија со исто име? Ако има скандал како што викаш, тогаш и ти како Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, па очекувам утре да се јавиш во Јавно Обвинителство, ама да го пријавиш и Иван Стоиљковиќ и тој има канцеларија во Комитет, да го пријавиш и Ѕинго и Социјалистичка партија има канцеларии, па на крај да ме пријавиш и мене, порача Илиевски до претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово Бране Петрушевски.
Во однос на изборите, Илиевски вели дека не веруваат во ставот на Комисијата за заразни болести за ставот околу изборите, со што, како што рече, значи дека не им веруваат и на здравствените работници кои биле во првите редови на пандемијата.
– Е, за ваквото понижување спрема здравствените работници на следните избори ќе добиете едно големо 0 во гласови од нив. Кажа дека ДИК се изјасниле не можат да ги организираат изборите. Тоа е лага! Тоа го кажа само Оливер Дерковски, кој впрочем е член на ВМРО ДПМНЕ, а деновиве слушнавме кога бил директор какви наредби примел за време на избори што да прави. Инаку, ДИК се изјасни дека може да ги организира изборите. За ОБСЕ и ОДИХР излажа дека барале првин протоколи за влез и излез од државата па тогаш ќе се изјаснеле. Не, ОБСЕ и ОДИХР се изјаснија дека се спремни да пратат набљудувачи на изборите и нормално за истите бараат протоколи за влез. Исто така кажа дека сте добиле препорака за датум за избори од ваши лекари, но сте добиле и препорака за датум на избори и од Светска здравствена организација. Па, еве те моли цела Македонска јавност да ја покажеш јавно таа препорака за датум на избори од Светска Здравствена Организација, во спротивно лажеш, вели Илиевски.
Во изнесениот став во емисијата, дека Владата во справувањето со пандемијата се однесувала ноншалантно, Илиевски вели дека така се однесува само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додека Владата ги презела прва мерките за да ги заштити граѓаните.
– Е сега, имаше и прашање што Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово направи за граѓаните за време на оваа здравствена криза? Одговорот беше НИШТО! И тоа е една голема лага! Зошто? ВМРО не ја пропушти шансата да ги лаже граѓаните, па така хуманитарните пакети донирани од Зоран Заев, Оливер Спасовски, компании од Куманово, компании надвор од Куманово, на кои сме им безкрајно благодарни, по наредба на ИК на ВМРО ДПМНЕ, нивните активисти и шефови на штабови на терен да ги следат луѓето што ги делат и да кажуваат дека тие пакети ги дели ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, рече Илиевски.
За 11 години како што рече Илиевски, ВМРО-ДПМНЕ преку даноци од граѓаните на Куманово осбрале 2 милијарди евра, а вратиле нула.
– Бране Петрушевки зборува дека направил ТИМ кој бил чесен и не потклекнал на криминал! Па да те прашам, кој ти е потпретседател? Твојот подпретседател има 6 кривични пријави за финансиски криминал, односно кражба и 1 кривична пријава за физички напад на полицаец. Пасошот му е одземен! Тоа ли е твојот тим кој ќе се бори за правда! На една пресконференција ме обвини за политички реваншизам! Па така, на 22 Јули 2019 те повикав тебе, да го земеш твојот подпретседател, односно заменик, и да ни покаже каде ги вградил тие материјали, пред камери и цело Куманово да види! Сеуште немам одговор од тебе. Зошто? Па и ти знаеш дека ги украл! Сега, овие денови ќе профункционира Јавно Обвинителство, па ќе чуеш колку тони цемент украл, колку тони железо украл, колку километри, повторувам километри винкли и профили украл. Е, тоа е твојот тим од соништата, рече Илиевски обраќајќи се до првиот човек на кумановскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.
Илиевски го праша Петрушевски зошто, ако смета дека Владата требала да ги укине рестриктивните мерки порано, и дека веќе доцни со враќањето на животот во нормала, не излезат на избори.
Никола Ивановски