Професорите од средното стручно училиште „Перо Наков“ од Куманово, започнаа штрајк затоа што им доцни платата.
Ќе дојдеме на работа но настава нема да има, велат за Кумановски Муабети наставниците од Средното општинсок училиште. Сега најмногу доцнат со исплата на платите, ја чекаме, но револтира што во други градови во поголем дел има пуштено плати само кај нас не – велат наставниците од СОУ „Перо Наков“.
Тие денеска 15 минути ги скратуваат часовите како предупредување , а доколку не им биде исплатена платата до утре во понеделник нема да држат настава.