Играта „Pokemon go“ го полудува светот (видео)

Сподели со своите пријатели

Анимираната серија „Покемони“ своевремено беше една од најгледаните и најпопуларните, како во светот, така и кај нас, а сега овие мали суштества повторно се атрактивни, но овој пат во вид на нова игра која потполно го полуде светот.

„Покемони“ за прв пат се појавиле во Јапонија во 1996 година и веднаш станаа светски популарни.

Компанијата „Niantic“ ја пласираше најновата верзија од играта под името „Покемон Го“ наменета за памените телефони, која на луѓето им овозможува да ги ловат покемоните во реален свет.

Имено, откако ќе се инсталира апликацијата, благодарение на GPS се проектира реалната околина во која се јавуваат виртуелни покемно до кои мора физички да се дојде. Кога ќе стигнете до местото каде се наоѓа покемонот, уредот треба да го насочите кон него и да го фатите со фрлање на поке-топката.

Играта се појави минатата среда и за 24 часа ги собори сите рекорди ис тана најпопуларната апликација на планетата.