Соочена со сериозен недостиг на војници за војната во Украина, Русија почна да регрутира осудени криминалци од затвор.
Најлошите убијци и силувачи можат да одат на слобода, а потоа да бидат поздравени како национални херои.
Исто така, има криминалци кои извршиле помали кривични дела и се подготвени да се коцкаат со своите животи за слобода.
Сепак, не секој има среќа да се врати од војната, а десетици илјади од нив веќе загинаа.
🎉 Armed Forces of Ukraine eliminated a former player of the Russian national football team Bugaev
❌He played 7 matches for the Russian national team, including at Euro 2004.
😱 In September, he was sentenced to 9.5 years in a strict regime colony in a drug trafficking case. pic.twitter.com/dej1ufLbzS
— Base of Ukrainian sports 🇺🇦 | Olympics (@Ukrsportbase) December 29, 2024
Играше против Роналдо
Алексеј Бугаев (44), кој некогаш важеше за еден од најперспективните дефанзивци во земјата, имаше два настапи за првиот тим на Русија на Евро 2004 година.
Тој беше на клупата за резерви при поразот од Шпанија со 1:0 во првиот натпревар.
Потоа играше на следниот натпревар против Португалија и одигра добро и покрај тоа што Русија губеше со 2:0. Бугаев повторно одигра 90 минути во победата над Грција од 2:1.
За репрезентацијата настапуваше вкупно седум пати, а се пензионираше на 28 години.
Бил склон кон алкохол, а во 2023 година бил осуден на 9,5 години затвор поради дилање дрога.
Дмитриј Тарасов, играчот од средниот ред на руската репрезентација кој играше со Бугаев во Томск, рече: „Тој беше врвен дефанзивец, но алкохолот го уништи. Тоа беше болест“.
Во 2014 година, четири години откако се повлече од фудбалот, Бугаев даде бизарно интервју за Советски спорт, нудејќи му на новинарот „нешто за пиење“.
Работел како возач на комбе и се занимавал со рециклирање.
„Не жалам за ништо“, рече тогаш.
Но неговиот живот не одел според планот, пишува Гардијан.
Тој се свртел кон криминалот, отиде во војна и умре
Зависноста од алкохол довела до огромни долгови, а Бугаев на крајот се свртел кон криминал.
Во 2023 година, тој беше фатен со пакет мефедрон и уапсен.
Тој се изјасни за виновен за дистрибуција на дрога и беше осуден на затвор во септември минатата година.
Александар Мостовои, ѕвездата на руската репрезентација кој играше со Бугаев на Евро 2004, изјави:
„Ситуацијата е страшна. Ова не е фудбалска приказна бидејќи Алексеј одамна заборавил на тоа. Ова е животна приказна, а проблемот е дека имаме милиони такви приказни во Русија Гледањето на вестите е многу депресивно.“
The 44-y-old former player of the Russian national team Aleksei Bugayev has been killed in battle in Ukraine.
In September, he was sentenced in to 10 years for dealing drugs. He thought going to Ukraine would be the easy way out of prison
Pictured on the left during Euro 2004 pic.twitter.com/FaHFSUvLjl
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 30, 2024
Едно, сепак, му беше јасно на Бугаев. Немал намера да оди во затвор, бидејќи имало начин да го избегне тоа.
Уште пред да ја слушне пресудата, на своите роднини им кажал дека одлучил да војува во Украина.
Во неделата стигна вест дека Бугаев загинал во војната и дека не можело ни да се најде неговото тело на бојното поле.
Неговата судбина е слична на судбината на многу други, но неговата приказна е поинаква.
Тој беше фудбалер кој играше против Луис Фиго и Кристијано Роналдо и во еден момент од животот изгледаше дека го има сето тоа.
20 години подоцна тој заврши како жртва на руско-украинската војна.