Игор Липковски – нов директор на ЈП „Водовод“

Сподели со своите пријатели

Игор Липковски е назначен за нов директор на Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово, преземајќи ја функцијата од досегашниот директор Оливер Стојмановски.

Липковски доаѓа од рамките на самиот колектив, каде што беше ангажиран во секторот за човечки ресурси.

Во своето професионално искуство се вбројува и работата во подрачното одделение на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тој е дипломец и магистер по правни науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во својата прва изјава, Липковски нагласи дека ќе работи на унапредување на услугите што претпријатието ги обезбедува, подобра и навремена испорака на вода до граѓаните и фирмите, како и на стабилизирање и развој на работењето на институцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени тинејџери од Куманово кои оштетиле паркирано возило

Никола Ивановски