Игор Ѓорѓиевски ќе биде нов тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово, информираат денеска од Управата на клубот.
Тој доаѓа на местото на Владимир Мирковски, кој, како што наведуваат од клубот, од морални причини, по неколкуте порази, си понднесе оставка.
– По подолг период имаме кумановец на тренерската позиција кој ќе им даде шанса и на нашите кумановски играчи. Клубот денеска ја прифати оставката на досегашниот тренер Владимир Мирковски. Голема благодарност за сиот негов досегашен ангажман во клубот и му посакуваме среќа во понатамошната работа, изјави Александар Крстевски, претседател на КК Куманово.
За заменик тренер ќе биде назначен Дарко Смиљковиќ, досегашниот ренер на Женскиот кошаркарски клуб Куманово.
Никола Ивановски