Игор Џамбазов, Нокаут и Легенде ѕвезди на годинешниот „Тамбурашки фестивал“

Сподели со своите пријатели

Игор Џамбазов, Нокаут и Легенде ќе бидат ѕвезди на двата вечери на годинешното издание на „Тамбурашки фестивал“ кој викендов се одржува на градскиот плоштад во Куманово.

Loading...

Фестивалот започнува во петок кога ќе настапат оркестрите „Симфониум“, „Охридски бисери“ и Петар Нечовски, Г.Т.О. „Пљевља“, а вечерта ќе ја затвори групата „Легенде“.

Во сабота пак настапуваат тамбурашките оркестри „Табиет“ и „Мајшперк“ по што ќе следуваат ѕвездите на вечерта Нокаут и Игор Џамбазов.

Музичките настапи ќе започнат во 20:30 часот.

Организатор на манифестацијата е Фондацијата за култура и спорт, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски