Гледање низ ѕидови благодарение на модерната технологија наскоро би можело да стане реалност.
Научниците веќе со години работат на решение, а главна улога имаат ласерите и друга софистицирана технологија.
Научнициод МИТ развиле систем кој се нарекува CornerCamera која користи обични камери од паметните телефони како би можеле да видат што се наоѓа од аголот и така забележуваат благи промени во светлото и сенките. Ваквото решение би можело да помогне на пожарникарите да видат дали има луѓе во зградите кои горат или самовозечки автомобили да видат кој доаѓа зад аголот.
Основната идеја е единствена, секој предмет рефлектира светлина и со внимателно анализирање на светлото на подот, во близина на екој агол може да бидат дали нешто од другата страна се помера. Тие благи промени се невидливи за човековото око, но научниците успеале да ги воочат со анализирање или прилагодување на снимката од обичните камери, како и камера од iPhone 5s моделот.
Составот на блага варијација ги спојува сите во еднодимензионална слика. Меѓутоа, се уште не може да се работи само со телефон затоа што е потребен посебен софтвер и лаптоп, но научниците велат дека тоа е само поради тоа што не е развиена мобилната верзија.
На МИТ велат дека се уште не може да гледа детали на објект во движење, но може да знае колку брзо се движи и некои детали за неговата положба. Со тоа, за да системот работи, сокриениот простор зад ѕидот треба да биде доволно осветлен, пренесува „Verge“.