ИДФ: Во текот на ноќта нападната фабрика за оружје на Хезболах во Бејрут

Сподели со своите пријатели

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека во текот на ноќта нападнала неколку фабрики за производство на оружје на Хезболах во јужен Бејрут, во населбата Дахије.

Loading...

„Авиони на военото воздухопловство извршија прецизни напади врз основа на разузнавачки податоци на неколку магацини и фабрички објекти на терористичката организација Хезболах во областа Дахија“, се наведува во соопштението на армијата, објави Тајмс оф Израел.

ИДФ посочи дека сите фабрики за оружје „се наоѓале под и внатре во цивилните згради во центарот на населбата“, што, како што додаваат, е уште еден пример за „цинична експлоатација на либанските цивили и цивилни објекти како жив штит од страна на Хезболах“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Премиерот на Либан го повикува Израел да се повлече од сите позиции што ги зазеде во Либан

Израелската армија во јужен Либан од 1 октомври спроведува, како што наведоа, ограничена копнена операција против Хезболах, при што цели беа погодени и во јужните предградија на Бејрут.

Израелска армија: Хезболах користи амбулантни возила за транспорт на терористи

Израелската армија тврди дека либанската група Хезболах „користи амбулантни возила за транспорт на терористи и оружје“ и предупредува дека Израел ќе ги таргетира возилата „без оглед на нивниот тип“.

Не наведувајќи докази за тоа тврдење, портпаролот на израелската армија Авихаи Адрае објави изјава на арапски во која рече дека Израел „ги повикува медицинските тимови да избегнуваат контакт со елементи на Хезболах и да не соработуваат со нив“, пишува Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Примирјето меѓу Израел и Хезболах стапи на сила утрово во 04 часот

Во соопштението, израелската армија повторно им нареди на либанските граѓани да избегнуваат да се движат кон југот на земјата.

Либанската влада соопшти дека 1,2 милиони луѓе се раселени од своите домови поради ескалацијата на борбите и израелските воздушни напади врз земјата.

Loading...

Десетици илјади Израелци, исто така, беа принудени да ги напуштат своите домови во северен Израел поради континуираниот ракетен истрел кон Израел од јужен Либан.