Израелската армија (ИДФ) денеска го повика населението да ги напушти источните делови на градот Кан Јунис, на југот на Појасот Газа, наведувајќи дека се подготвува да „дејствува со сила“ по обновените ракетни истрели и милитантна активност од областа што ја определи како хуманитарна зона.
Loading...
ИДФ наведува дека „престојот во областа стана опасен“, пренесува Тајмс оф Израел.
Се додава дека прилагодувањето на хуманитарната зона се врши „во согласност со прецизни разузнавачки податоци кои укажуваат дека Хамас, како што е наведено, „вградил терористичка инфраструктура“ во хуманитарната зона.