Израелската армија (ИДФ) денеска ги нападна милитантите на Хамас кои беа во училишниот комплекс во Кан Јунис, кој служеше како команден центар на групата.
Loading...
„Борбените авиони на израелските воздухопловни сили, управувани од Јужната команда, ги нападнаа терористите кои беа во училишниот комплекс „Ал-Хасана“ во областа Кан Јунис. Терористите на Хамас планираа, режираа и изведоа бројни терористички операции додека беа во училиштето“, се наведува во соопштението на ИДФ.
Во нападот, како додаваат, „беа направени најголеми напори за да се избегнат цивилни жртви“.