Најмалку осум лица се убиени, а 15 повредени во нападот на Менхетен, а напаѓачот е идентификуван како 29-годишен Сајфуло Саипов.
Саипов во САД ошол од Узбекистан во 2010 година и отогаш живее на Флорида. Нападот се третира како терористички.
Терористички напад во Њујорк: Осум загинати, неколку повредени (видео)
Loading...
Саипов, како пренесуваат американските медиуми, извикувал „Алаху акбар“.
JUST IN: Photo of Sayfullo Habibullaevic Saipov, 29, of Tampa, Florida, suspect in deadly NYC terror attack https://t.co/zof4fpEths pic.twitter.com/Oq0Trli4UG
— CBS News (@CBSNews) October 31, 2017
Напаѓачот првин со камион влетал на популарна велосипедска стаза на Долен Менхетен и тука удрил неколку пешаци и велосипедисти. Потоа на улицата „Чембрес“ се судрил со училишен автобус, каде се повредени двајца возрасни и две деца.
По судирот Саипов излегол од возилото носејќи во ркаа нешто што личело на пиштол, по што полицеаец го застрелал во стомакот.
VIDEO: Further video shows the suspect running through traffic
pic.twitter.com/NAWlhkuW7b— News This Second (@NewsThisSecond) October 31, 2017
На местото на инцидентот се пронајдени лажен пиштол и пејнтбол пиштол.
Американските медиуми објавија првични снимки на напаѓачот кој трча по улиците на Менхетен.
Според полицијата, Саипов најверојатно делувал сам.