Големо внимание во Полска привлече огласот на властите во Берлин дека НАТО бара статиски кои ќе треба за 120 евра дневно да глумат обични Авганистанци при обуката на американските војници во Германија. Голема предност на конкурсот за статисти се познавање на полскиот, чешкиот или рускиот јазик.
За период од две недели ќе имаат обврска облечени во како авагнистански овчари, продавачи, претставници на локалните власти, да учествуваат во обуката на американските војници во преговорите со локалното цивилно население и да решаваат разни ситуации во текот на операциите на теренот, јавува полската приватна телевизија ТВН-24.
Тоа ќе овозможи сценариото за вежбање и обука за војниците да бидат поблиску до реалноста, а со самото тоа и оптимална подготовка за странска мисија – стои во огласот од германската престолнина.
За потребите на обуката во Германија ќе има 10 „авганистански села“ со по 10-30 куќи во секое, а статистите, покрај познавање на англискиот и германскиот јазик и по можност полски, чешки или руски, мора да бидат отпорни на стрес и склони кон тимска работа.
Работата за претворање во обичен Авганистанец за дневница од 120 евра има и свои маани. За време на тие две недели „вработените“ не смеат да ги напуштаат своите села, нема да смеат да користат мобилни телефони, таблети ниту компјутери, а мора да стануваат во рана зора во склад со вековната традиција на авганситанските овчари.
Loading...