Ибрахимовиќ прв играч на Милан кој постигна гол на осум последователни натпревари во Серија А

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ постигна два гола на синоќешниот натпревар од 8. коло во Серија А против Наполи.

Loading...

Триесет и деветгодишниот Швеѓанец стана првиот фудбалер во историјата на Милан кој дал гол на осум натпревари по ред во италијанската лига.

Ибрахимовиќ и повеќето други фудбалери во Серија А на средбите од 8. коло се појавија со црвени ленти на лицето. Оваа традиционална акција е дизајнирана да привлече внимание за проблемите на жените кои доживеале насилство.

Зоран Стерјовски

Leave a Reply