Викендов во Врање ММА клубот Куманово 2006 имаше успешен настап на турнирот под наслов „GFC 2“.
Член на ММА Куманово 2006 Филип Наковски се натпреваруваше со Страхиња Миловановиќ од Краљево во категороѓија -84кг. Борбата Филип добро ја почна зададе неколку добри и прецизни удари кон противникот и ја имаше иницијативата во текот на борбата меѓутоа противникот му направи лос на ногата при што Филип беше поразен, иако беше понадмоќен сепак немаше среќа.
Организацијата беше на завидно ниво, квалитетот на борбите исто така со тоа што јас како тренер сум задоволен од прикажаното на Филип иако немавме среќа, но спортот е таков непредвидлив посебно ММА каде што секоја мала грешка може да биде искористена од страна на противникот но, токму тоа го прави овој спорт неизвесен и атрактивен – изјави тренерот Сашо Илиевски и најави дека продолжуваат со исто темпо и во наредниот период ги очекуваат уште натпреварувања.
Loading...
За две недели борците на Илиевски и членови на Кик-бокс клуб Куманоов ќе настапат на државното кик-бокс првенство на Македонија.