И здосадило да плаќа висока кирија, па изградила цела куќа гледајќи на YouTube: Сметки 20 пати помали (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Американката Мишел Бојл морала да изнајми куќа во Орегон за 1.173 евра месечно и да го издржува своето семејство. Поради високата кирија и ниската плата, Мишел немала шанси да штеди. Се што заработувала, работејќи во кафуле, го давала на трошоци и храна.

Loading...

Едвај врзувала крај со крај, се до моментот кога нејзините деца станале независни. Потоа, таа одлучила да ги преземе работите во свои раце и да изгради куќа за себе, пренесува ЦДМ.

Како што е наведено, Мишел започнала да учи упатства во кои луѓето зборувале за тоа како градат мали куќи. Успеала да изгради куќа со многу малку пари, во која се преселила од големата што ја изнајми.

 

 

Мишел трошела 1.173 евра месечно за изнајмување куќа во која имала три спални соби, кујна, бања, ходник и гаража. Сега живее во куќа од 18,5 квадратни метри. Мишел плаќа само 58 евра за изнајмување мало парче земја на кое стои куќата, а во оваа сума е вклучена и конекцијата за струја, вода и интернет.

– Не само што сама ја изградив куќата, туку и ја дизајнирав – вели Мишел.

Loading...

Целиот мебел во куќата е од 40 -тите или 50 -тите години на минатиот век. Оваа храбра жена собирала мебел веќе две години, имајќи предвид дека еден ден ќе има своја куќа.

Мишел вели дека е посреќна во оваа куќа отколку во големата што ја изнајмила додека децата живееле со неа.

Денес, Мишел гради и дизајнира куќи за други луѓе кои сакаат да ги намалат трошоците за живот.