И во текот на утрешниот ден ЕВН Македонија ќе врши планирани прекини на електричната енергија и тоа на повеќе локации во приградските населби, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
ВО период од 08:30 до 15:00 часот прекини во напојувањето ќе има во населбата Јане Сандански, местата Козара и Принципова, додека пак во период од 08:45 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат селата Младо Нагоричане, Старо Нагоричане и Зебрњак, како и населбите Перо Чичо, Тромеѓа, Ајдучка Чешма, Иго Триќковиќ.
Станува збор за планирани прекини поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија со цел подобрување на услугите кон корисниците.
Loading...