И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го нарече рускиот напад врз Украина геноцид, откако тоа го стори актуелниот претседател Џо Бајден.

Loading...

Во вторникот Бајден го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека извршил „геноцид“ во Украина, откако зборот го употреби само украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ја поздрави изјавата на својот американски колега, нарекувајќи ги „вистински зборови на вистински лидер“.

Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, кој посочи дека би можел да се кандидира на следните претседателски избори во САД, исто така го употреби терминот во средата во интервју за Фокс њуз.

 

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Трамп: Тоа е геноцид

Откако го критикуваше Бајден за политиките што доведоа до висока инфлација, Трамп рече: „и сега да ги погледнеме настаните во Украина – тоа е геноцид“.

Loading...

Републиканецот, кој многумина го критикуваа дека одржува премногу блиски односи со Путин и Русите, претходно руската инвазија ја нарече холокауст, пишува американскиот медиум The Hill.

Трамп подоцна повтори дека Русија немаше да ја нападне Украина доколку тој сè уште беше претседател.

Нападот на Русија во средата беше карактеризиран со геноцид и од канадскиот премиер Џастин Трудо, додека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц го избегнаа терминот.

 

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Макрон се прашуваше за придобивките од „ескалацијата на зборовите“ за завршување на војната, сметајќи дека е неопходно да се „остане внимателен“ во однос на нивната употреба, пренесе агенцијата Франс прес.

„Би рекол дека Русија еднострано започна брутална војна, дека е утврдено дека воените злосторства биле извршени од руската армија и дека сега мора да ги најдеме одговорните“, изјави францускиот лидер за Франс 2.

Loading...

„Ова што се случува е лудост, тоа е неверојатно брутално“, рече тој, додавајќи дека во исто време се обидува да ја запре војната и да го врати мирот, така што „не сум сигурен дека ескалацијата на зборовите оди кон таа цел“.

 

Еве што рече австрискиот канцелар за неговата средба со Путин

 

Сличен став има и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој се задоволи со терминот „воени злосторства“.

Зеленски рече дека одбивањето на претседателот Макрон да го осуди „геноцидот“ во Украина е „болно“.