И ТОА ПОСТОИ: Геј пингвини одгледуваат „подметнато“ младенче

Сподели со своите пријатели

Според пишувањето на Њујорк тајмс, во колонијата пингвини во еден од аквариумите во Австралија сите родители се грижат за своите идни младенчиња освен еден пар.

Loading...

Две јајца кои ги оставила женката во гнездото ги оставиле и отишле да се „играат“, а сосема ги занемариле јајцата.

Управата на аквариумот забележала дека само парот пингвини кои биле геј покажуваат интересирање за јајцата, што на чуварите им дало идеја двете занемарени јајца да ги подметнат на геј парот и се покажало дека се подготвени да ги прифатат и да ги заменат биолошките „родители“ кои ги занемариле.

Покажале дека се пдоготвени да станат „родители“ затоа што никогаш истовремено не го напуштиле гнездото, туку цело време едниот од нив седел на јајцата и ги топлел.

Наречени Свен и Меџик, тие успеале да добијат една принова чиј пол уште не е познат, а која сега е најголема атракција на сиднејскиот аквариум.

Leave a Reply