Камила Колман Брукс (26) од Северна Каролина со години го криела своето големо и високо чело на разни начини. Ја изгубила и самодовербата, па по 10 години решила да се оперира.
Камила со операција го намалила челото за три сантиметри.
View this post on Instagram
– Порано се гледав во огледало и сè што можев да видам е огромно чело. Последните неколку години го криев со шишки или капи. Задоволна сум од резултатите од операцијата и ми се допаѓа како изгледам сега – рече Камила, која има две деца.
Таа била оперирана во февруари годинава на клиниката Зеба во Кливленд, Охајо.
View this post on Instagram
Операцијата вклучувала отстранување на кожата од нејзиното чело за да се намали нејзината големина.
– Моето чело порано беше 8,5 см, а сега е 5,5 см. Тоа е неверојатна разлика“, додаде таа.
По операцијата, таа морала да носи завој и има лузна и оток на засекот.
View this post on Instagram
– Првите неколку дена не можев правилно да ги мрдам веѓите, но сега сѐ се врати во нормала. Горниот дел од челото е сè уште вкочанет и можеби ќе треба некое време да се врати чувството – рече таа.
Лузната треба да зарасне за неколку недели, но Камила е веќе задоволна од резултатите. Иако добила неколку негативни коментари, таа ги игнорира. Таа е отворена и со своите деца и верува дека секој може да направи што сака со своето тело.
View this post on Instagram
„Тоа е нешто што сакав да го направам за себе и не можев да бидам посреќна со резултатите“, рече таа.
Таа исто така открила дека платила 7.000 американски долари за операцијата.
Пред оваа операција, таа исто така имала и зголемување на градите, како што вели самата поради долгогодишно доење и додава дека закрепнувањето ѝ било поболно од ова сега.
View this post on Instagram
На сите што ја критикуваат за операцијата им кажува дека тоа е нејзин личен избор.
– Ако го читате ова и сакате да се оперирате затоа што не ви се допаѓа нешто на вашето тело, направете го тоа, тоа е вашето тело. Не слушајте што ви зборува некој друг – заклучи таа, пишува Дејли Меил.
View this post on Instagram