И ТОА Е БИЗНИС: Британец продава свеж швајцарски воздух

Сподели со своите пријатели

ИТ консултантот Џон Грин, собира воздух на висока надморска височина на швајцарските Алпи и планира да продава боци на купувачи во загадени градови ширум светот.

Овој Биратенец, веќе 20 години живее во Базел, гарантира дека запечатените боци кои планира да ги продава содржат вистински планински воздух од алпската земја која го има најдобриот воздух во светот.

Јас нивистина одам на 3.000 метри надморска височина да соберам воздух. СИгурно не го собирам на некој паркинг. Овде живеам 20 години сфатив дека Швајцарците не знаат што имаат. ВОздухот овде е нешто посебно – вели Грин, а пренесува „Мирор“.

Воздухот од регионто Цермат кој овој ИТ консултант планира да го продава нема да биде ефтин. За боца од три литри купувачот ќе мора да издвои 200 фути, литар ќе чини 135, а цена за половина литар ќе изнесува 78 фунти.

Се уште немам продадено ниту една боца, со оглед дека овој бизнис го започнав пред само неколку дена. Меѓутоа, сигурен сум дека купувачите наскоро ќе зпаочнат да се јавуваат – самоуверено вели Грин.

СО боцата, како доказ, доаѓа и сертификат за автентичноста која лично го потписува овој Британец и ГПС координати на локацијата каде истиот е соберен.

 

Loading...