Швајцарија ќе воведе санкции против три руски банки и 361 пратеник, соопштено е.
Loading...
Се наведува дека швајцарските власти ќе воведат санкции против три руски банки и 361 член на Државната дума.
Да потсетиме, се очекува американскиот претседател Џо Бајден да одржи говор и да соопшти детали за воведувањето санкции кон Русија, кои се претпоставува дека ќе ја „отсечат земјата од напредната технологија“ и „поставуваат граници за големите финансиски субјекти“.
Кога станува збор за меѓународната финансиска мрежа SWIFT, тешко дека засега ЕУ ќе ја избрка Русија.