Динг Џенг е роден во 1988 година со церебрална парализа и лекарите во кинеската провинција Хубеи на мајката Зу Хонгјуан и рекле да не се бори за него, затоа што по комплицираното породување, очекувале детето да има трајно оштетување на мозокот и слабо развиена интелигенција.
Меѓутоа, мајката не се откажала и 29 години се грижела за синот, кој стигнал и до Харвард.
Нема многу корист од спасување на бебете. Ќе има ментално оштетување и ќе биде парализиран. ВИ советуваме да не се борите за него – им рекле лекарите.
Таткото рекол дека ќе се откажат од него и дека нивниот живот со негоќе биде беден.
Али Зу Хонгјуан не сакала да се откаже. Пожртвувано се грижела за својот син и веднаш започнала да го води на терапија. По година дена тестовите покажале спротивно од очекувањата на лекарите, интелигенцијата се развивала сосема нормално.
Таткото не сакал да знае за синот и кога Џенг имал десет години, се развеле. Самохраната мајка имаа постојана работа, но работела и на други места за да го финансира лекувањето на синот. Физички споро се развивал, долго време не можел да ги држи предметите во раце и научил да оди дури кога имал три години.
Го терала да учи обични работи, да јаде со стапчиња како и секој Кинез. Ако биде единствен зад столот кој не ги користи, луѓето ќе започнат да го запрашуваат, си мислела. Нејзината упорност се исплатела – година дена подоцна научил да ги користи.
Сепак, најмногу внимание посветувала на неговото образование. Иако долго не можел да држи пенкало во рака, рано научил да црта. мајката постојано го терала да учи, знаејќи дека само така ќе успее.
И покрај сите пречки, Џенг првин завршил техничко училиште, апотоа и право на Универзитетот во Пекинг, но тоа не е се.
Никогаш не би се пријавил на Харвард, но ме поттикна мајка ми – рекол тој.
И денес мајката му помага на 29-годишниот син, кој има намера да и се одолжи за се што сторила за него.



