„Razer“ вчера објави дека својот телефон ќе го претстави на 1 ноември. Сега изгледа дека спецификациите, од се уште необјавениот телефон, се појавија на GFXBench.
Листингот открива моќен Qualcomm Snapdragon 835 CPU, заедно со 8GB RAM. Тука е и 5,7 инчен дисплеј со 2560х1440p резолуција, која сугерира однос на страници 16:9. Инерниот простор за складирање има капацитет од 64GB.
Кога се во прашаењ камерите, телефонот има главна од 12 мегапиксели и предна од осум. Телефонот на „Razer“ е тестиран на Android 7.1.1 верзија на софтверот, ноа за сега не е познато дали ќе се испорачува со Nougat или со Oreo.
„Razer“ веќе е пзонат дека креира прилично атрактивен хардвер, така да љубителите на технологијата со нетрпение го очекуваат.