Американската пејачка Били Ајлиш побара забрана за приоѓање на маж по име Џон затоа што го прогонувал секој нејзин чекор. Според американските медиуми, тој последните шест месеци ја малтретирал и и се заканувал со застрашувачки пораки и наводни чудни гестови. Сè се случило во близина на нејзината куќа во Лос Анџелес.
Наводно, барем така тврди Били Ајлиш, а според американските медиуми, Џон Херл кампувал во училиштето спроти нејзината куќа. Били наведува дека добила бројни заканувачки пораки и вознемирувачки писма, а исто така тврди дека некој ја гледал и правел гест дека ќе и го пресече грлото. Таа исто така ја откри содржината на пораката од Џон што многу ја вознемирила.
“Не можеш да го добиеш она што го сакаш, освен ако не е тоа што сакаш е да умреш за мене. Ќе знаеш дека наскоро водата ќе се крене и ќе умреш. Ќе умреш”, се вели во пораката.
Пејачката тврди дека овој човек ја гледал како влегува и излегува од нејзиниот дом, и тој секогаш и зборувал нешто или правел чудни гримаси. Таа исто така тврди дека станала вознемирена и многу се плаши секој пат кога ќе мора да се врати дома или да излезе од дома, а исто така се плаши и за безбедноста на своето семејство.
Сега, според мерката забрана за приоѓање, таа побара Џон да не може да и пријде, ниту на нејзините родители во круг од најмалку 200 јарди, што е 182,88 метри. Таа сака Хирл да не и приоѓа на неа и на нејзиното семејство на помалку од 200 метри. Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека го истражува случајот, но Џон не е уапсен, пренесуваат американските медиуми.