Веројатно се согласувате дека нема полошо нешто отколку кога сте хронично лишени од сон. Постојано сте уморни, раздразливи, главоболките се силни и немате сила да извршувате дневни активности.
Новите студии покажуваат дека предолгото спиење е исто лошо како и неспиењето, можеби дури и полошо.
За добар сон, не е клучно колку спиете, туку важен е квалитетот на спиењето. На возрасните им се препорачува седум до осум часа сон на ден, а на младите им требаат од седум до девет часа. Сè што е над или под таа бројка го зголемува ризикот од срцев удар.
Ако легнете под стрес, РЕМ фазата ќе започне многу порано. Можеби ви звучи како добра работа, но грешите. Ова спречува телото да заспие во длабок сон, што на телото му е очајно потребно. Ако интензивното сонување продолжи во текот на целата ноќ, ќе се разбудите истоштени и без мотивација.
Премалку, но и премногу сон може да предизвика здравствени проблеми, како раздразливост, помалку енергија, матнина во видот, дебелеење, болести на срцето, висок крвен притисок, дијабетес, депресија па и мозочен удар. Најважно е да одржувате редовен распоред на спиење и будност во текот на неделата и да размислите колку сон ви треба за да се чувствувате добро.