И покрај примирјето ечат експлозии во Судан

Сподели со своите пријатели

Во близина на аеродромот во суданскиот главен град Картум денеска се слушнаа експлозии, а звуците на борби одекнуваат во центарот на градот, иако конфликтните страни вчера се согласија на 24-часовен прекин на огнот.

Loading...

На видеото објавено на интернет од Силите за брза поддршка (РСФ) се гледа пожар кој се чини дека зафатил цивилен авион паркиран на аеродромот.

На видеото се слуша и континуиран звук на гранатирање. Огромни експлозии се слушаат во центарот на Картум од раните утрински часови. Пукање се слушна и во многу области на провинцијата Картум.

Според некои информации, РСФ во текот на утрото испратила „огромно засилување“ во главниот град.

Припадниците на таа група се распоредени и по патот што ги поврзува Картум и државата Џазира во централниот дел на земјата.

Дипломатските мисии во Картум изразија длабока загриженост поради влошувањето на безбедносната и хуманитарната ситуација во Судан поради интензивирањето на борбите кои продолжуваат четврти ден по ред.

Специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации во Судан, Вокер Перес, претходно изјави дека бројот на загинатите достигна 185, но независни извори наведуваат дека бројката е повеќе од 500 убиени цивили и воен персонал.

Жителите на главниот град се соочуваат со многу лоши хуманитарни и животни услови.

Loading...

Насилството меѓу армијата и РСФ избувна во саботата по неколкудневните тензии околу патоказот за транзиција на земјата кон цивилно владеење.

Еден од главните проблеми е планот за интегрирање на РСФ со своите 100.000 членови во суданската армија и назначувањето на лидерот на новите воени сили.

Договорот требаше да биде потпишан на почетокот на април.