Шпанија минатата година регистрирала 31,1 милиони странски туристи, соопшти Националниот институт за статистика.
Loading...
Во извештајот се наведува дека бројот на туристи е поголем од 2020 година, кога бројката изнесувала 19 милиони, поради рестрикциите поврзани со Ковид 19, од кои повеќето во меѓувреме се укинати.
Сепак, бројката е сè уште далеку помала од 83,5 милиони, колку што е забележано во 2019 година, пренесува „Независне новине“.
Вкупно 2,95 милиони странски туристи ја посетиле Шпанија во декември, во однос на 649.000 една година порано.
Туристите потрошиле 34,82 милијарди евра во Шпанија минатата година, во споредба со 19,79 милијарди евра во 2020 година и 91,91 милијарди евра во 2019 година, соодветно.