И покрај глупавите предизвици, Тикток сѐ повеќе добива на популарности, го копира и Инстиграм

Сподели со своите пријатели

И покрај фактот дека ТикТок е „на мета“ деновиве поради критиките за „предизвиците“ што доведоа до неколку смртни случаи, се чини дека конкуренцијата изразува голем интерес за оваа видео платформа на интернет.

Loading...

Иако е многу попопуларен и има околу двесте милиони корисници повеќе, Instagram сака да го подобри својот интерфејс со копирање на TikTok.

 

 

Најновата верзија на најпопуларната платформа за споделување фотографии, која сè уште не е достигната во бета верзијата, содржи парче код што откри дека Инстаграм има намера да ја копира опцијата што им ја нуди на корисниците „ТикТок“.

Значи, „вертикалните приказни“ доаѓаат на Инстаграм. Бидејќи корисниците веќе долго време се навикнати да скролаат низ „приказни“ (Инстаграм сториња) со листање на десната половина од екранот, и „прескокнување“ на одредени со лизгање од десно кон лево, во иднина тие ќе можат да прелистуваат приказни на Инстаграм вертикално како што прават на ТикТок.

 

Loading...

 

Откако кодот „протече“, и информацијата се прошири на интернет, од Инстаграм пристигна потврда дека оваа опција ќе се најде во ажурираната верзија на нивната апликација.

Иако само ова е потврдено, постојат шпекулации дека уште некои нови опции на Инстаграм можат да го следат примерот на ТикТок.

Leave a Reply