И покрај гаснењето од воздух, пожарот во Никуштак се шири

Сподели со своите пријатели

Со денови гори голема површина нискостеблеста деградирана и дабова шума во атарот на липковското село Никуштак.

И покрај гаснењето од воздух пожарот константно се шири и сега веќе е префрлен на скопска страна, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

– Според Шумско стопанство Куманово пожарот во текот на денот се гасел со два авиона и еден хелкоптера од воздух но поради поголема површина што е зафатена пожарот е се уште активен и се има проширено и на Скопскиот регион, информираат од РЦУК.

Огнот гори на исклучително непристапна површина високо во планината, па на терен имало само двајца вработени од Шумското стопанство, а во текот на вчерашниот ден биле правени низа прелети со два канадери и еден хеликоптер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски отвори три изборни штабови во Куманово (ФОТО)

Поради безбедносни причини вработените од Шумско стопанство Куманово ноќва биле  повлечени од терен, а огнот се уште гори и утринава.

Кумановските пожарникари пак во изминатото деноноќие имале две интервенции, двете во липковско.

Првата била на запалена сува трева во атарот на липковското село Оризаре, во период од 14:50 до 17:30 часот.

Втората интервенција била на запалено стрниште во липковско Опае во период од 20:05 до 21:30 часот.

Интервенција вчера имале и пожарникарите во Старо Нагоричане. Во атарот на селото Стрновац, кај бањата, горела сува трева и ниска вегетација, при што во период од 14:30 до 21:00 часот интервенирале шестмина пожарникари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вработен во кумановскиот суд натепан од колега

Никола Ивановски