И ОФИЦИЈАЛНО: Руте го наследува Столтенберг како шеф на НАТО

Сподели со своите пријатели

Марк Руте и официјално е избран за следен генерален секретар на НАТО!

Премиерот на Холандија во заминување ќе го наследи Норвежанецот Јенс Столтенберг на почетокот на октомври, објави во средата одбранбената алијанса по состанокот на постојаните претставници на 32-те земји на НАТО.

Амбасадорите на 32 земји-членки на НАТО ја потврдија номинацијата на состанокот на Северноатлантскиот совет, соопштија повеќе дипломати во Брисел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД нападна три брода во Пацификот и уби 8 лица, тврдејќи дека превезуваат дрога