И Маск го нападна Зеленски: „Не може да зборува во име на Украинците додека не се одржат избори“

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не може да зборува во име на украинскиот народ додека не се согласи да одржи избори и да ја врати слободата на новинарите во земјата, нагласи шефот на американското Министерство за ефикасност на владата (ДОГЕ) Илон Маск.

Loading...

Тој го коментираше соопштението на Белата куќа на сметката „Брз одговор 47“ на платформата „Х“ во врска со одржување избори додека е на сила воената состојба.

Во објавата се наведува дека изборите во САД се одржале и за време на Граѓанската и за Втората светска војна, така што Зеленски треба да распише избори и во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Марко Рубио: Русија е глобална сила, Вашингтон мора да води дијалог со Москва

Зеленски не може да тврди дека ја претставува волјата на народот на Украина ако не ја врати слободата на печатот и не престане да ги откажува изборите, напиша Маск на „Х“.

Мандатот на Зеленски истече на 20 мај, а изборите беа откажани поради прогласување воена состојба и општа мобилизација.

Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше Зеленски дека не сака да одржи избори.

Тој го нарече Зеленски „диктатор“ кој сака да остане на власт поради конфликтот со Русија.

Трамп го обвини Зеленски дека ја „убедил“ Америка да потроши 350 милијарди долари за да се бори во непобедлива војна.

Loading...