Откако вчера договор за претстојната сезона во дресот на Куманово потпиша Ѓукан Ѓукановиќ, денеска тоа го стори и уште еден српски интернационалец.
Станува збор за дваесет и шестгодишниот Ѓорѓе Каплановиќ кој игра на позицијата крилен центар.
Својата сениорска кариера Каплановиќ ја има започнато во ФМП, а се истакна на турнирот во Купот Корач кога го победи Партизан во четвртфиналето.
Потоа игра во првиот тим на Црвена звезда, кој главно го потроши како резерва. Првите значајни минути повторно ги освои на последниот турнир од Купот Корач во Ниш, каде учествуваше во победата над тимот на Константин со 5 поени разлика.
Во август 2015 година, тој го раскина договорот со Црвена звезда. Следниот месец, тој потпиша тригодишен договор со полскиот клуб Асеко Гдиња. Сепак, остана таму само една година.
View this post on Instagram
Во сезоната 2016/17. тој повторно ги бранеше боите на ФМП. Во сезоната 2017/18. игра за Металац. Во октомври 2018 година, се пресели во Динамо Букурешт, но се врати во Металац во декември истата година.
Во март 2019 година, се префрли во Фени Индустри. Сезоната 2020/21. Ја започна во Слобода од Тузла, но го напушти клубот по само пет натпревари во шампионатот на БиХ.
Куманово сериозно го формира ростерот за оваа сеона, па ова е веќе трет српски интернационалец оваа сезона заедно со Ѓукановиќ и Глигоријевиќ. Договор потпиша и Андреј Настовски, а на тренерската позиција повторно ќе се најде Игор Ѓорѓиевски.
Никола Ивановски