Италијанската модна куќа Гучи се обврза дека во процесот на производство ќе внимавана на количеството на употреба на јаглерод диоксид.
Со овој гест, компанијата потсетува на улогата што ја игра модната индустрија во однос на екологијата и заштитата на животната средина. Многумина сметаат дека модната индустрија е една од најголемите загадувачи на денешницата.
Претставниците на Гучи рекоа дека нивните пресметки го вклучуваат целиот ланец на снабдување, бидејќи 90 проценти од нив се одговорни за производство на штетни гасови.
Така, овој моден бренд ја дели посветеноста кон животната средина на два дела – првиот е избегнување и намалување на штетните материи што се испуштаат, што се постигнува со префрлување на обновлива енергија во сите продавници на компанијата, додека во вториот дел е замената и неутрализацијата на гасовите, што се постигнува преку соработка со организации кои се борат да го задржат јаглеродот од атмосферата.
„Гучи ќе продолжи да работи интелигентно и стратешки за да го избегне и намали влијанието на гасовите на ефектот на стаклена градина, истовремено инвестирајќи во иновативна одржливост. Сепак, не сметаме дека е доволно, затоа што се соочуваме со ужасните предизвици на одржливоста “, рече директорот на компанијата Марко Бизари.